Една од основните цели е имплементација на HACCP стандардот во 2008 година, ISO 140001 - заштита на животната средина и OHSAS 18001 за заштита на професионалното здравје и безбедност во текот на 2009 - 2010 година.
Инвестиционо вложување во модернизација на постоечките системи со цел за многукратно подобрување на квалитетот на услугите со што на индиректен начин ќе се влијае на квалитетот на здравствените услуги. Со пуштање на технолошката линија на парентални стерилни и асептични препарати, ќе се изработуваат: инсекциони раствори, инфузии, капки за очи, капки за нос и уво, стерилни и асептични раствори за иригација на оперативни полиња и хируршки рани, парентална исхрана, производство на прочистена и деминерализирана вода, производство на стерилна вода за инкубатори и лаборатории.