Маркетинг - план на услуги

1. Услугите во делот на Централната стерилизација опфаќаат: прием, механичко миење, подготовка и стерилизација на хируршки инструменти за повеќекратна употреба неопходни за изведување на хируршки интервенции во оперативната, микроинвазивната, лапароскопската хирургија и инвазивни дијагностички методи во интернистички гранки и секаде каде се потребни стерилни материјали.
Во делот на централната стерилизација спаѓаат подготовка и стерилизација на хируршки оперативен веш, завоен материјал, прибор за анестезија и целокупен стерилен материјал, неопходен за работа во болничката пракса, дезинфекција и одржување на инстументи.
Во сите наведени услуги опфатена е редовна контрола на стерилност од страна на надлежната институција.


2. Услугите во делот на исхраната на болните (на пациенти и нивни придружници) опфаќаат: планирање на болничка и персонална исхрана според утврдени меѓународни и домашни стандарди, нејзино приготвување и дистрибуирање до Клиниките и институтите. Болничкиот и персонален дневен оброк опфаќа: појадок, ручек и вечера.
Кон дневниот болнички оброк постојат и додатоци кои опфаќаат ужина и други продукти и пијалоци.
Количината на оброците и додатоците се утврдува според реалните потреби искажани во дневните и дополнителни требовања на храна од Клиники и институти.


3. Услугите во делот на комерцијално-фармацевтските работи опфаќаат: планирање, прием, чување и издавање на лекови. Следење на роковите на употреба на лекови, помошен медицински материјал, тестови, реагенси, хемиски супстанци, следење на несакани дејства на лекови, известувања за новорегистрираните препарати.
Со пуштање на технолошката линија за парентални, стерилни, асептични препарати, ќе се изработуваат раствори, инфузии, масти, капки, деминирализирана вода, емулзии, суспензии и др., кои ќе бидат изготвени и испорачани според количини и динамика однапред утврдена од ЈЗУ Клиники и институти.
Услугата во делот на Комерцијални работи опфаќа: планирање, набавка, чување и распределба на потрошен медицнски материјал, канцелариски, технички и други неспомнати материјали, наведенотот ќе биде набавено согласно Законот за јавни набавки, а по барање од страна на Клиниката.


4.Услугата во делот на перење, пеглање  и дистрибуирање на болнички и персонален веш за потребите на kliniki i instituti  опфаќа: перење, сушење, пеглање на оперативен, болнички и персонален веш како и дистрибуција на истиот од и до Kliniki i instituti  (оперативни работи униформи, оперативни чаршави, компресии, пижами, ноќници, болничка постелнина, болнички ќебиња, персонална работна униформа, персоналан постелнина, пешкири,  ќебиња и др.).
Услугата во делот на обезбедување  и заштита на имот и лица, го опфаќаат следново:

  • обезбедување  на згради, опрема, имот и вработени во процесот на работата;
  • обезбедување на простор од неповикани лица;
  • редовно вршење на контрола на ППС заштита и редовна годишна обука на вработенит
  • во зависност од потребите обезбедување на превоз на пари и други драгоцености;
  • мониторинг следење; со помош на поставените камери во Клиники и институти како и во болничкиот круг
  • обезбедување на ВИП гости.

5. Услугата во делот на користење и одржување на паркинг просторот се утврдува со реализаицја на сообраќајно-технички автоматски систем на  управување и стопанисување на паркингот и сообраkајниците во комплексот на болничкиот круг во целина.
Исто така во делот наведен во став 1 на овој член спаѓа и уредување на зелените површини, изградба на нови паркинг простори, улици и сл.


6. Во делот на технички услуги опфатени се: производство и  испорака на топлинска енергија, испорака на медицински гасови, услуги од областа на телефонија, наплата на надомест за занаетски услуги од типот на: стручни мислења, консултантски услуги, техничка поддршка, дотур на топловодно греење, технолошка пареа, санитарна топла вода, стартување и исклучување на централен систем за  климатизација, машино-браварски услуги, одржување на водоводна инсталација и канализација, услуги од областа на столарија, 24 часа покриеност и надзор на електро-енергетски  инсталции и постројки, градежно  лимарски и занатски поправки, 24 часовно покривање на сите телефонски повици од надвор кон клиниките и сервисирање од  наведената област, одржување на централен систем за медицински гасови, санација на дефекти од заеднички дворни инсталации, за сервис на лифтови, дизел агрегати, трафостаници, пумпи, мотори, услуги во делот  на користење на возниот парк. Kомунални услуги опфаќаат: одржување на хигиената во заедничките простории (ходници, скали и сл.), на Клиники и институти, одржување на хигиената во дворното место, улици, паркинг простор, како и организација при собирање, транспорт, депонирање на комунален отпад, медицински смет и др. во соработка со надлежна институција.


7. Во делот на ИТ (информатичка технологија ) опфатени се  активности  за градење на мрежна инфрастуктура и нејзино одржување помеѓу клиниките и институти заради овозможување услуги за електронска комуникација и размена на медицинска документи помеѓу нив, како и поврзување на интернет. Ваквото поврзување истовремено ќе овозможи централен мониторинг за перманентен видео надзор кој ќе ги опфаќа сите клиники и институти.
Исто така, во овој дел е опфатено редовно ажурирање и надградба на постоечкиот веб-портал со нови содржини што ќе овозможат нови можности за брзо и поефикасно работење.

Дома | Вести | Јавни набавки | За нас